Иако не блескаа во досегашниот дел од европското првенство, Адријан Рабио и неговите соиграчи од француската репрезентација стигнаа до полуфиналето. Во пресрет на денешниот дуел со Шпанија, фудбалерот на Јувентус вели:
„Ние сме во полуфинале. Тимскиот дух е важен и тимската победа е поважна од играта на поединци. Мбапе и Гризман можеби имаат тешки нозе, но ние сме 100% зад нив. Слепо веруваме во нив. Тоа се играчите кои во секој момент можат да го променат текот на натпреварот. Кога нашиот капитен Мбапе или Антоан имаат тежок период, нормално е, ние сме подготвени да ги поддржиме. Ќе играме како тим“, вели Рабио.

