И покрај некои шпекулации дека селекторот на Франција Дешамп вечерва полуфиналето со Шпанија би можел да го почне со искусниот Оливие Жиру, Дешамп најави дека Жиру по се изглед и денеска ќе почне од клупата за резерви.
„Тој не играше во стартниот состав, но влегува од клупата. Не е помалку важен и ефикасен од другите. Неговото учество на натпреварот ќе зависи од ситуацијата. Не се работи за создавање шанси, туку за недоволна имплементација“, изјави Дешамп.

