Наскоро се очекува официјалната потврда дека Мехди Тареми ќе биде нов играч на Интер. Нероаѕурите се подготвуваат да го објават второто засилување во текот на летото по Пјотр Зиелински.
Иранскиот напаѓач роден 1992 година, ослободен по истекот на договорот со Порто, пристигнува во Милано за да стави потпис на договорот со Интер.
За реализација на овој договор останати се само некои мали формалности, а во текот на денот Тареми ќе ги помине последните медицински прегледи во Интер
Тареми ќе потпише двегодишен договор со Интер до 30 јуни 2026 година со можност за продолжување на уште една сезона, со што рокот е до 2027 година. Неговата годишна плата ќе биде 3 милиони евра нето плус бонуси.