Анхел Ди Марија ќе остане во екипата на Бенфика уште една година. 36-годишниот играч за врска ќе потпише нов договор со португалскиот клуб, пренесуваат португалските медиуми.
Претходниот договор на Ди Марија му истече на 30 јуни, но двете страни решија да ја продолжат соработката. Новиот договор официјално ќе биде потпишан по финалето на Копа Америка, во кое ќе учествува и репрезентацијата на Аргентина. Овој натпревар ќе биде последен за Ди Марија во националниот тим.
Минатата сезона во португалскиот шампионат Анхел одигра 28 натпревари на кои постигна 9 голови и 10 асистенции.

