Офанзивниот играч за врска на репрезентацијата на Англија, Кол Палмер за претстојното финале на ЕП 2024 со Шпанија кое ќе се одигра на 14 јули вели дека мечот ќе ги промени животите на сите во репрезентацијата.
„Очигледно ова е масовна игра која ќе ги промени нашите животи, животите на нашите семејства и ќе ги направи сите горди. Токму тоа ќе се обидеме да го направиме. Верувам дека ако стигнавме до финалето, мора да ја завршиме работата. Одлично е да се стигне до финалето. Мора да уживате во вакво нешто, бидејќи нема многу моменти за уживање. Сепак, сите се уште навистина сакаат да победуваат“, рече Палмер.

