Тиквеш ја извојува својата дебитантска победа во европските купови, со голем пресврт во второто полувреме на мечот со исландски Бреидаблик. Кавадарчани на крајот дојдоа до победа од 3:2 и со предност ќе патуваат на гостински терен по седум дена.
По мечот, тренерот на Тиквеш, Ѓорѓи Мојсов ка потенцираше важноста на триумфот во овој дебитантски настап на Тиквеш во европските купови.
„Јас на полувреме им реков на играчите дека ќе биде греота за сите нас ако не иизедначиме, барем на 2:2. Го имавме и оној психолошки момент кај некој играчи. Јас знам како можат да изиграат. Тиквеш може многу многу повеке од ова. Тиквеш денеска покажа само 50% од своите можности. Одиме и во четврток да победиме, нема да се браниме, напротив. Знам дека сега ќе не гледат со други очи“, изјави тренерот на Тиквеш.

