Чешката тенисерка Бароара Крејчикова успеа да ја освои втората Грен слем титула во кариерата во поединечна конкуренција, бидејќи во големото финале на Вимблдон победи против Јасмин Паолини од Италија со 2:1, по сетови 6:2, 2:6, 6:4.
Јасмина Паолини уште еднаш успеа да ги победи сите прогнози и да се пласира во финале на Грен слем турнир, откако тоа го направи на Ролан Гарос, но повторно имаше идентичен крај на својата авантура, бидејќи повторно загуби во големото финале.
Пред ова финале Барбора Крејчикова беше фаворит, сепак Јасмин Паолини покажа дека може да игра против фаворитот, но сега не беше така.
Барбора Крејчикова многу подобро го отвори мечот, на самиот старт направи брејк, па рутински го доби првиот сет со 6:2. Италијанката добро сервираше на почетокот на вториот сет и возврати со иста мерка 2:6 за израмнување на резултатот на 1.1 во сетови.
Третиот сет беше најинтересен. И двете тенисерки одиграа исклучително добро, го бранеа својот сервис, одлично сервираа, но до седмиот гем, кога Јасмин Паолини и подари гем на свој сервис на противничката. Крејчикова поведе со 4:3, а потоа брилијантно сервираше за да дојде до 5:3. Паолини потоа го одбрани нејзиниот сервис, но немаше сили да направи нов брејк.
Крејчикова ја освои втората Грен слем титула во кариерата, барем кога станува збор за сингл, откако пред три години го освои и Ролан Гарос. Од друга страна, таа има седум Грен слем титули во двојки, како и уште три титули во мешани двојки. Јасмин Паолини има само две финалиња на Грен слем турниритр.