Французинот, Франсоа Лекетсие, ќе го суди денешното финале на Европското првенство меѓу Шпанија и Англија.
35-годишниот судија со знакот на УЕФА претходно беше активен на три меча на собирот во Германија. Тоа се натпреварите од групната фаза Хрватска – Албанија (2:2) и Данска – Србија (0:0).
Во продолжение судеше и на 1/8 финалето на турнирот меѓу репрезентациите на Шпанија и Грузија (4:1).