Селекторот на „Гордиот Албион“, Герет Саутгејт по поразот од Шпанија ќе биде под притисок да си замине од селекторското место. На прашањето околу неговата иднина на селекторската позиција, Саутгејт изјавил дека за тоа ќе се разговара подоцна.
„Мислам дека сега не е вистинско време за ваква одлука. Треба да разговарам со вистинските луѓе. Сè уште не би зборувал за тоа“, изјави Саутгејт.
Шпанија со 2:1 ја победи Англија во синоќешното финале во Берлин.

