Македонскиот олимписки комитет преку социјалните мрежи прави промоција на нашите спортисти што ќе настапат на Олимписките Игри во Париз.
Прв на листата е атлетичарот, Дарио Ивановски, олимписки стипендист на МОК.
– Ивановски има трчано на бројни атлетски дистанци во кариерата а дебито на маратонските патеки го имаше на Скопскиот маратон во 2020. Во неколку наврати го подобруваше државниот рекорд во маратон кој сега е 02:08:26. Тој резултат го обезбеди годинава во февруари во Севилја. Дарио во моментов е на подготовки во Франција и таму ќе остане до почетокот на игрите. Му посакуваме среќа на Дарио кој ќе настапи на 10 август на маратонската трка низ Париз“ – стои во објавата на МОК на фејсбук.