Килиан Мбапе денеска и официјално беше промовиран во ново ѕвездено засилување за Реал (М). Француската ѕвезда парафира потпис на договор до 2029 година, а во Мадрид доаѓа бесплатно откако му истече договорот со ПСЖ. Во редовите на „кралскиот“ клуб Килиан Мбапе ја задолжи опремата со бројот девет.
Мбапе во Реал доаѓа по седум години минати во Париз.
„За мене е голема чест и привилегија да бидам играч на Реал Мадрид. Ова е историски настан за мене и моето семејство. Подобро е отколку што очекував. Се чувствувам привилегирано. Јас сум играч на Реал Мадрид, ова е мојот детски сон. Не можете да купите сон. Ова е голема сатисфакција за мене и моето семејство. Поминав низ многу фази за да го постигнам ова“, изјави новиот напаѓач на Реал Мадрид.

