Фудбалерот на Манчестер Ј., Маркус Рашфорд остана без возачка дозвола.
Судот на напаѓачот на Манчестер Јунајтед му изрече забрана да вози во следните шест месеци поради пребрзо возење. Рашфорд, кој сведочеше преку видео врска, исто така беше казнет со 1.666 фунти.
Оваа одлука е донесена по разгледувањето на инцидентот што се случи на 12 декември минатата година. Фудбалерот престигнал необележан полициски автомобил на автопат на полноќ.
Полицаецот, кој возел BMW X5, бил принуден да забрза за да се обиде да го стигне автомобилот на Рашфорд.

