Шведскиот интернационалец со македонско потекло, Дејан Кулушевски, влегува во плановите на новиот тренер на Наполи, Антонио Конте. Двајцата работеа заедно додека италијанскиот тренер седеше на клупата на Тотенхем.
Тогаш луцидниот напаѓач доживеа вистинска промоција во дресот на „спарси“ и беше еден од најдобрите фудбалер. Сепак, трансферот е речиси невозможен бидејќи Кулушевски вреди повеќе од 60 милиони, сума што Наполи реално гледано не може да ја покрие.
Единствена варијанта е да биде продаден Виктор Осимен и тие средства да се пренасочат за купување на Кулушевски.
.

