Играчот од средниот ред на Ал-Итихад, Н’Голо Канте би можел да ја продолжи кариерата во Шпанија, пренесува каталонскиот весник СПОРТ. Барселона ќе се обиде да го врати 33-годишниот Французин во Европа. Каталонците беа импресионирани од настапот на играчот на Евро 2024 и сакаат да го обезбедат неговиот потпис ова лето.
За Канте е заинтересиран и Вест Хем, но Ал-Итихад ја одби понудата на Англичаните.
Францускиот репрезентативец се пресели во Ал-Итихад во 2023 година.

