Агентите на шпанскиот репрезентативец Дани Олмо се во контакт со Барселона, Баерн и неколку клуба од Премиер лигата.
Според инсајдерот Фабрицио Романо, на играчот од средниот ред на Лајпциг ќе му биде дозволено да замине во следните недели доколку во канцеларијата на германскиот клуб дојде понуда од најмалку 60 милиони евра.
Оваа сума беше запишана во договорот на шпанскиот репрезентативец како обештетување, но сега престана да важи откупната клаузула.
Агентите на Олмо биле во контакт со Барселона, Баерн Минхен и клубови од Премиер лигата, кои се интересираат за негов ангажман.