Најголемиот македонски спортски бренд, фудбалскиот состав Вардар, денеска го прославува 77-от роденден. Се започна во истоименото кино на 22.07.1947.
„Во чест на сите генерации на фудбалери и спортски работници кои биле дел од ФК Вардар, во чест на сите подеми и падови, порази и победи, но пред се во чест на народот и навивачите кои се обединија и не дозволија црвено-црната гордост да пропадне“-стои во објавата на Вардар на социјалните мрежи.
-Симболично, во чест на роденденот на Вардар, утре ќе биде одигран пријателски натпревар против екипата на Динамо Загреб, кој ќе се одигра на стадионот ,,Максимир” во Загреб, со почеток во 19:00ч.“ напишаа вардарци.