Фудбалерите на Струга доколку го поминат тимот на Пјуник, во наредното трето квалификациско коло во Конференциската лига, ќе играат со подобриот од двомечот меѓу Диферданж од Луксембург и Ордабаси од Казахстан.
Стружани в среда ќе му бидат домаќини на ерменскиот состав додека на 30-ти ќе гостуваат на неговиот стадион. Диферданж и Ордабаси утре ќе ја имаат првата пресметка и тоа во Луксембург.
Средбите од третата рунда во Конференциската Лига се закажани за осми и 15 август.

