Лионел Меси и Луис Суарез поради повреди ќе го пропуштат Ол-стар натпреварот во МЛС.
Фудбалерите на Интер Мајами нема да настапат за МЛС тимот на натпреварот против тимот на најдобрите играчиода мексиканското првенство. Натпреварот ќе се одигра во Колумбус на 24 јули.
37-годишниот Меси се здоби со повреда на скочниот зглоб во финалето на Копа Америка, додека 37-годишниот Суарез нема да игра поради повреда на коленото.