Tренерот на фудбалерите на Струга ТЛ, Ќатип Османи, денеска на средба со новинарите се насочи кон утрешниот меч со Пјуник во второто квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА.
„Пјуник е многу дисциплинирана, многу борбена екипа. Се работи за многу квалитетен тим, но сепак мислам дека имаме квалитет да победиме. Тимот е комплетиран, само еден играч не се знае дали ќе може да игра од почеток поради физичката подготвеност. Треба да бидеме внимателни на двата меча“ – потенцираше Османи.
Првата средба ќе биде одиграна утре на стадионот „Билјанини Извори“ а реваншот ќе биде на теренот на Ерменците.