Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со победа го почна турнирот во Португалија во Фигуеира да Фоз што се игра за награден фонд од 100.000 долари.
Taa денеска лесно ја совлада Анастасија Иамачкине од Перу. Ѓорческа триумфираше со 2-0 во сетови (6-2 6-4).
Нашата претставничка во наредната рунда ќе игра со петтата носителка Ариане Хартоно од Холандија која е на 163 место на ВТА листата.