Продолжува сагата околу првиот голгетер на Наполи, Виктор Осимен. Медиумите во Англија наведуваат дека Челзи се откажал од трансферот поради превисоките барања на италијанскиот тим но и на самиот фудбалер.
Наполи за Нигериецот постави трансферна цена од 130 милиони евра додека напаѓачот побарал годишна плата од 12 милиони.
„Сините“ од Лондон процениле дека тоа се премногу пари и затоа се откажале од идејата да дојдат до неговиот потпис.