Селекторката на женската фудбалска репрезентација на Канада, Беверли Пристман, е суспендирана и отстранета од Олимпијадата во Париз.
Првиот скандал го режираа нејзините помошнички, кои го снимаа тренингот на ривалките Нов Зеланд со дрон во понеделникот, три дена пред средбата од првото коло од групата А.
Канаѓанките на крајот победија со резултат 2:1, но без тренер на клупата.
Канадската федерација претходно објави дека презела акција поради недозволеното снимање со дрон на ривалите. Покрај Пристман, дома е испратена и помошничката Јасмин Мандер, како и Џозеф Ломбарди, „неакредитирана аналитичарка“.