Првиот Македонец кој се појави на борилиштата на 33. Летни олимписки игри во Париз денеска беше Марко Ѓуретановиќ. Тој имаше прилично слабо постигнување на првата квалификациска трка на 400 метри слободно.
Во својата група, Ѓуретановиќ заврши на последното место со време 4:05.38, што е за три секунди послаб резултат од времето со кое беше пријавен за ЛОИ.
Ѓуретановиќ со ова го заврши својот настап на Летните олимписки игри во Париз.

