Анастасија Мојсовска го освои 31-то место во дисциплината 10 метри со воздушна пушка на 33. Летни олимписки игри во Париз.
Таа во квалификациите погоди 625,3 кругови но, недоволно да продолжи кон финалната рунда. Нејзиниот најдобар резултат е 628,8 кругови.
22-годишната Мојсовска во шесте серии имаше погодено: 104,5 / 103,7/ 104,3/ 104,4/104,0/104,4 кругови.

