Голманот на Манчестер Сити, Едерсон, допрва ќе одлучи дали ќе остане кај шампионот на Англија или ќе замине во Саудиска Арабија.
30-годишниот Бразилец на 322 натпревари прими 257 гола. Едерсон со Манчестер Сити во шест наврати стана шампион на Англија. Има освоено и два пехара во ФА Купот и четири во Карабао Купот.
Бразилскиот голман со тимот од „Етихад“ по еднаш ја освои Лигата на шампионите и Светското клупско првенство.

