Фудбалскиот состав, Ливерпул, има намера да го привлече во своите редови младиот талент на Бордо, Матис Анџели, велат последните информации од Англија.
„Црвените“, наводно, успешно ги започнале преговорите со 17-годишниот дефанзивец откако францускиот тим прогласи банкрот и ги ослободи сите фудбалери.
Анџели кој игра во средината на одбраната како стопер, може да биде активен и по страничните позиции.

