Првиот носител на машкиот тениски олимписки турнир во Париз, Новак Ѓоковиќ доминантно го победи својот голем ривал Рафаел Надал со 6:1, 6:4 во натпревар од второто коло.
На омилените терени во комплексот Ролан Гарос, каде што Надач има освоено 14 Грен слем титули, Србинот беше немилосрден во првиот сет, а во вториот му даде шанса на Шпанецот да се врати во игра, но не и да направи целосен пресврт.
Во вториот сет Рафа со сите сили се обиде да го сврти натпреварот, но безуспешно. Така Ноле му се реваншираше на својот голем ривал за поразот во полуфиналето во Пекинг 2008 година.
Ова беше натпревар број 60 меѓу двата титани. Новак Ѓоковиќ сега има 31, додека Надал остана на 29 победи.

