Македонскиот џудист Еди Шерифовски очекувано беше елиминиран во првото коло од турнирот на Олимписките игри во Париз. Тој загуби со ипон од светскиот првак, Бразилецот Гиљерме Шимит во првата рунда во категоријата до 81 килограм.
Шерифовски одолеваше во првите минути од борбата, но потоа Шимит освои еден поен, а потоа со ипон го доведе мечот до крај.
Шерифовски е третиот олимпиец со кој Македонија досега се претстави на Игрите во Париз.

