Сплитскиот Хајдук вечерва од 21 часот го игра реванш натпреварот од второто прелиминарно коло во Конференциската лига на УЕФА против ХБ Торшавн од Фарските Острови.
Но, во пресрет на летот кон далечните Фарски Острови се случи бизарен настан. Имено, тие долгото патување го започнаа без Емир Сахити, првотимецот на Хајдук. Како што изјави тренерот на Хајдук Џенаро Гатузо на прес-конференцијата на Фарските Острови, Сахити задоцнил на патувањето и останал во Сплит.
Гатузо по пристигнувањето во Торшавн одржа кратка прес-конференција, а новинарите се интересираа што се случи со Сахити.
„Ние сме фудбалски тим, потпишавме договор дека има јасни правила и дисциплина. Емир задоцни и не отпатува со нас, но петок е нов ден и почнуваме од почеток. Се надевам дека ова нема да им се случи на другите играчи. Веќе нема да зборуваме за Сахити, работите се такви какви што се, повеќе би сакал да го загубам натпреварот отколку достоинството. Нема да се враќаме на таа тема“, изјави Гатузо.

