Џејк Вајтман, кој беше еден од фаворитите за медал на трката на 800 метри на Олимпијадата во Париз, нема да стартува на Игрите поради повреда.
Британецот кој е светски шампион на 1500 метри од 2022 година, пропушти три големи првенства поради различни повреди. Проблемот со стапалото го отфрли од одбраната на светската титула во Будимпешта во 2023 година.
30-годишниот атлетичар мораше да го пропушти и британскиот шампионат во јуни поради повреда на потколеницата.

