Легендарниот играч на „панцирите“, Тони Крос, кој се повлече од фудбалот веднаш по Европското првенство што беше реализирано во текот на летово во неговата татковина е прогласен за играч на годината во Германија.
Во истражувањето спроведено меѓу членовите на Здружението на германски спортски новинари, тој добил 285 гласа. Во Топ 3 велгуваат и Флоријан Вирц (246 гласа) и Гранит Џака (66 гласа).
Очекувано за најдобар тренер е избран Чаби Алонсо, кој со Баер Леверкузен успеа да ги освои победничките пегари во Бундес Лигата и во Купот на Германија.

