Тенисерот, Новак Ѓоковиќ, конечно се израдува на олимпиското злато со што го обезбеди и последниот трофеј кој му недостасуваше во неговата исклучително плодна кареиара.
Тој денеска во финалето на Игрите во Париз го совлада Шпанецот, Карлос Алкараз, со убедливи 2-0 по сетови два пати идентично 7:6. Дуелот меѓу највозрасниот и најмладиот учесник во едно олимписко финале траеше речиси три часа на Централниот терен во Француска престолнина.
Ќе потсетиме дека 37-годишниот ветеран од Србија има трофеи од сите четири Грен слем турнири а седум пати го освои и завршниот АТП турнир.

