Денеска во просториите на Фудбалската федерација на Македонија беше формиран календарот за Втората фудбалска лига за новата сезона 2024/25.
Во првото коло Осогово ќе биде домаќин на Вардар Неготино, Скопје ќе го пречека Вардарски додека Кожув ќе излезе на мегдан со Саса Каменица. Детонит ќе ги одмери силите со Новаци а Брегалница со тимот на Победа. Борец ќе игра дома со Башкими а Арсими ќе ја пречека Беласица.
Главниот фаворит за првото место во второлигашкото друшто, Македонија Ѓорче Петров на домашен терен ќе игра дерби со Охрид. Возбудувањата во Втората фудбалска лига ќе започнат в сабота на 17 август.

