Францускиот шампион Пари Сен Жермен официјално го промовираше скапото засилување за средината од теренот, Жоао Невес.
Трансферот кој веќе некое време беше договорен сега доби и официјална потврда.
Невес за сума од 60 милиони евра се сели во Париз, а Бенфика ќе добие уште десет милиони во вид на бонуси. Младиот Португалец веќе пристигна и стави потпис на договор со ПСЖ до 2029 година.
Невес потекнува од младинската школа на Бенфика, а во ПСЖ се сели по одличните партии во првиот тим на Бенфика. Исто така тој се покажа во добро светло со настапот во репрезентацијата на Португалија на Европското првенство.
Се очекува во спротивен правец да замине Ренато Санчез, кој би се вратил во Бенфика како позајмен фудбалер.

