Според информацијата која ја објави „Телеграф“, Вест Хем Јунајтед се обидува да ја засили својата десна бековска позиција и размислува да го ангажира англискиот репрезентативец Кирен Трипиер.
Лондончани беа заинтересирани и за Арон Ван-Бисака (Манчестер Јунајтед) и Кајл Вокер-Петерс од Саутемптон , но не беше можно да се договорат за нивниот трансфер, иако и двајцата играчи се уште се високо оценети.
Вест Хем сега гледа на Трипиер и би можел да се обиде да го ангажира доколку стане достапен. Минатата сезона дефанзивецот одигра 28 натпревари во Премиер лигата и забележа 10 асистенции.

