Македонската таеквондо натпреварувачка Милјана Рељиќ приреди големо изненадување на своето деби на Летните олимписки игри во Париз.
Таа во категоријата до 57 килограми денеска се сретна со една од најдобрите во овој спорт, Џејд Џонс од Велика Британија. Рељиќ одлично се бореше против далеку поискусната противничка.
Во првата рунда беше дури и подобриот ривал и со 7:6 и поведе со 1:0. Втората рунда ѝ припадна на Британката, додека третатат беше израмнета, но нашата натпреварувачка имаше повеќе удари и затоа нејзе ѝ припадна победата.
Попладнево Рељиќ во четвртфиналето ќе се бори си Летитиа Аун од Либан.

