Крилниот фудбалер на Челзи, Рахим Стерлинг, изрази желба да се врати во репрезентацијата на „Гордиот Албион“.
„Секако дека сакам да играм за Англија. За мене е радост да ги гледам момците на теренот. Со нетрпение очекувам да се вратам во тимот на Англија“ – изјави Стерлинг, цитиран од Би-Би-Си.
29-годишниот фудбалер последен пат настапи за неговата земја на Мундијалот во Катар во 2022 година. Тој има 82 натпревари за англиската репрезентација на кои постигна 20 голови.

