Во текот на викендот во СЦ „Јане Сандански“ ќе се реализира вториот по ред Европски јуниорски џудо-Куп – Скопје 2024. По тој повод денеска беше реализирана прес-конференција на која меѓу другите проговори и првиот човек на нашата Федерација, Владимир Трпановски.
„Од нас се бара прилично рекламирање и приличен маркетинг што треба да се направи како што спомена и попретседателката на Европската Џудо Унија. Годинава имаме преку 260 натпреварувачи како и неколку судии што беа на Олимписките игри во Париз. Тие дојдоа доброволно а не по наше барање, што е реткост“ – вели Трапановски.
„Турнирот ни е последен тест за догодина бидејќи со лобирање успеавме да го земеме Европското кадетско кое е најмасовно. Ќе потенцирам дека Европскиот Куп ќе биде традиционален и ќе се реализира додека ги исполнуваме сите барања“ – изјави на средбата со новинарите, Владимир Трпановски, претседател на нашата Џудо федерација.

