Со мотото „Трчањето ќе те промени“, Виз Ер Скопски маратон низ годиниве покажа и докажа дека спортот зближува, отвора нови видици, авантури, шири позитивна енергија, урива спортски и други рекорди.
Годинава, скопските улици на 6.октомври ќе бидат домаќини на илјадници маратонци од преку 50 држави од целиот свет. Пријавувањето е во тек на (http://skopskimaraton.com.mk/prijavuvanje/).
Организаторите повикуваат на масовно учество на роденденскиот маратон, да трчаме рамо до рамо со големите маратонски имиња.

