Нашиот атлетичар, Дарио Ивановски, иако се соочи со повреда на ногата успеа да го истрча маратонот на ЛИО во Париз и да го освои 69 место. Тој веднаш по трката испрати порака до јавноста.
„Почитувани Македонци, пред се сакам да ви се заблагодарам за огромната поддршка која ја имав во текот на овој маратон и пред оваа трка. Кога еден маратон ќе се заврши, тогаш се вели дека се завршил успешно. Да му се заблагодарам на Бог што влегов во маратонот жив и здрав, но сепак имав мала повреда на стапалото и коленото која ја влечев од шестиот километар. Тоа ме оневозможи да го одржам темпото кое го наметнавме на стартот. Се гледаме во наредни предизвици, ве сакам сите“ – порача Дарио.
Ивановски беше последниот наш олимпиец кој се појави на Игрите во Париз.

