Доминик Соланке од денеска е фудбалер на Тотенхеми тоа со рекорден трансфер за англискиот состав. Тој потпиша договор до летото во 2030 година.
Лондончани за неговиот потпис ќе му платат големи 55 милиони фунти на Борнмаут плус дополнителни 10 милиони на име на бонуси. 20% од целата сума ќе оди кај претходниот клуб на Англичанецот – Ливерпул. 26-годишниот напаѓач во претходната сезона постигна 19 голови во Премиер лигата.
Тој е четвртото летно засилување за „Спарси“. Тие претходно ги обезбедија: Јанг Мин-Хјок, Лукас Бергвол и Арчи Греј.

