Легендарниот фудбалер, Вејн Руни, кој е сега влезен во тренерските води, посакува да има успешна кариера. Тој во месец мај го презеде кормилото на Плимут.
„Мојата амбиција е да бидам во фудбалот. Кога престанав да играм, истиот ден започнав да тренирам во Дерби. Потоа имав кратка пауза пред да му се приклучам на ДЦ Јунајтед. Имав неколку месеци одмор пред да заминам во Плимут“ – вели Руни.
„Јас не сум од тие што сакаат да седат дома. Некои играчи кои биле на највисоко ниво и не сакаат да пробаат нешто поразлично но, јас сакам да го направам тоа. Сакам да бидам одличен“ – изјавил Руни за медиумите во Англија.

