Ерик Тен Хаг е задоволен од формата на напаѓачот, Маркус Рашфорд. Тренерот на Манчестер Јунајтед по турнејата во САД, не крие дека е задоволен од игрите на црномурестиот фудбалер.
„Тој е во добра форма. Секогаш има толку многу шпекулации околу Манчестер Јунајтед но, ние ја знаеме вистината. Рашфорд работи многу напорно. Маркус е амбициозен и мотивиран“ – вели Тен Хаг.
Рашфорд има договор до летото во 2028 година. Тој во претходната сезона имаше 43-три средби на кои постигна осум голови.

