Раководството на Манчестер Јунајтед постигна договор со играчот од средниот ред Бруно Фернандеш за нов договор, пишува Фабрицио Романо.
29-годишниот Португалец ќе се обврзе со „црвените ѓаволи“ до летото 2027 година, а договорот ќе има опција за продолжување на уште една сезона. Актуелниот договор на играчот од средниот ред истекува за две години.
Фернандеш преку својот нов договор ќе стане еден од најскапите фудбалери на „црвените ѓаволи“. Манчестер Јунајтед го ангажираше Бруно Фернандеш пред четири години од Спортинг Лисабон. Досега за тимот има одиграно 233 натпревари, постигнувајќи 79 голови и 66 асистенции.

