Дефанзивците на Баерн Минхен, Нусаир Мазрауи и Матијас де Лихт во понеделник ќе ги поминат медицинските тестови во Манчестер Јунајтед, соопшти „Скај Спортс“. „Црвените ѓаволи“ синоќа постигнале договор со Баварците за трансфер на оваа двојка.
Германскиот гигант ќе добие 15 милиони евра плус уште пет во вид на бонуси за Мароканецот, додека зделката за Холанѓанецот ќе изнесува 45+5 милиони евра. Мазрауи и Де Лихт ќе потпишат по петгодишни договори со англискиот клуб.
Менаџерот на Јунајтед, Ерик тен Хаг, добро ги знае квалитетите на двајцата откако работеше со нив во Ајакс. Во исто време, зделката е поволна за Баерн, кој сакаше да го продаде десниот бек и да се ослободи од високата плата на централниот дефанзивец.
Досега Манчестер Јунајтед ги привлече Џошуа Циркзи и Лени Јоро. Интересно, половина од сумата платена за холандскиот напаѓач на Болоња ќе оди во касата на Баерн. Англискиот клуб го купи Циркзе за нешто повеќе од 40 милиони евра, а Баварците имаа 50% од неговите права.

