Евертон најверојатно ќе ја започне новата сезона со негативено бодовно салдо, тврдат голем број медиуми на Островот. Премиер лигата тврди дека Евертон го прекршил правилото за финансиски фер-плеј за сезоната 2022/23 за 6,5 милиони фунти, што може да доведе до одземање на 3 поени на стартот на сезоната.
Евертон веќе отслужи една казна за прекршување на финансискиот фер-плеј, а на тимот му беа одземени осум бода минатата сезона, во која оваа екипа заврши на 15. место со 40 бодови.
Сепак, Премиер лигата тврди дека прекршувањето на финансискиот фер-плеј за сезоната 2022/23 сега е поголемо од 6,5 милиони фунти, бидејќи оваа бројка не ги вклучува плаќањата за изградба на новиот стадион на клубот.
Независниот панел кој го наметна второто одземање на поени го отфрли аргументот на Премиер лигата дека 17 милиони фунти во камати треба да се додадат на нивните загуби за сезоната 2022/23. Но, ќе ги преиспита исплатите во вредност од 6,5 милиони, за што вели дека може да претставува уште едно прекршување.
Независната комисија допрва ќе ја донесе конечната одлука за прекршоците на Евертон и предвидувањата се дека на екипата ќе и бидат одземени 3 бода пред почетокот на сезоната во Премиер лигата.

