Фудбалерот, Нико Вилијамс, кој имаше забележителна улога во селекцијата на Шпанија на последното Европско првенство и воедно и се израдува на шампионската титула, дал согласност да го напушти тимот на Атлетик Билбао и да замине во Барселона.
Договорот се очекува да биде финализиран во текот на работнава недела. Каталонците за неговиот потпис ќе издвојат 60 милиони евра без бонуси.
Тој ќе добие договор за шест сезони.

