Екипата на Челзи води интензивни преговори со Атлетико Мадрид за трансфер на Жоао Феликс, наведува познатиот новинар, Фабрицио Романо.
Според него, претставниците на двата клуба и агентите на фудбалерот имале средба во Лондон. Португалецот последната сезона ја помина како позајмен на „Стемфорд Бриџ“. Тој на 20 средби постигна 4 голови.
„Сините“ сега ќе се обидат да издејствуваат негов ангажман и да му дадат долгорочен договор.

