Екипата на Фиорентина е на чекор да ги обезбеди услугите на Серхи Роберто, кој деновиве откако му истече договорот си замина од Барселона како слободен играч.
„Виолетовите“ имаат намера да го ангажираат 32-годишниот фудбалер кој за Каталонците одигра 373 натпревари со ефект од 19 гола и 43 асистенции.
Роберто успеа да освои седум пехари во Примера , шест шпански купови и пет Супер-куп титули. Два пати се радуваше на пехарот во Лигата на шампионите.

