Шпанскиот играч за врска Мартин Зубименди одби трансфер во Ливерпул и останува во Реал Сосиедад барем уште една сезона.
Играчот од средниот ред стана приоритет за Ливерпул и неговата преселба на „Енфилд“ изгледаше речиси сигурна. Сепак, тоа нема да се случи.
Ливерпул беше подготвен да ја плати ослободителната клаузула на 25-годишниот играч од 60 милиони евра. Исто така, му беше понудена голема финансиска стимулација да се пресели во Англија.
Сепак, Зубименди одлучи да остане во клубот во кој порасна, Реал Сосиедад. Сериозна улога во неговата одлука имаше и тренерот Иманол, кој го убеди да остане. Пред тоа интерес за него имаше и од Баерн и Арсенал.
Ливерпул допрва треба да го комплетира составот затоа што сезоната во Премиер лигата за нив започнува во сабота на 17-ти август.

